Хулк се договори со Атлетико Минеиро

Хулк се договори со Атлетико Минеиро

пред 3 години

Поранешниот напаѓач на Порто и Зенит, Хулк, потпиша договор со Атлетико Минеиро. Хулк според договорот, во Минеиро ќе остане две години. Напаѓачот, претходните пет години ги мина во Кина, како играч на Шангај СИПГ.

На трансферот на Хулк инсистирал поранешниот селектор на Аргентина, кој сега го предводи клубот од Минеиро, Хорхе Сампаоли.

Атлетико Минеиро се бори за титулата во Бразил. На шест кола до крајот на првенството, Атлетико се наоѓа на четвртото место, со пет поени помалку од лидерот Интернасионал од Порто Алегре.

Share
Scroll to Top