Хуманитарецот Рашфорд стана британски витез

Хуманитарецот Рашфорд стана британски витез

пред 4 години

Кралицата Елизабета Втора, за хуманитарната работа, го одликуваше напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд со Редот на бротанското царство.

Рашфорд изминатите месеци беше иницијатор на кампањата и во текот на вонредните мерки поради пандемијата на коронавирусот да им бидат обезбедат бесплатни оброци на децата од сиромашните семејства.

Владата на премиерот Борис Џонсон на почетокот беше против овој предлог бидејќи училиштата беа затворени. Сепак кампањата која ја порена Рашфорд беше успешна поради што и владата го смени мислењето.

Рашфорд изминатите месеци преку својата фондација собра преку 20 милиони фунти и обезбеди речиси 500.000 бесплатни оброци за децата од сиромашните семејства.

Share
Scroll to Top