Хјулманд на пат кон Мадрид, ќе потпише со Атлетико

Хјулманд на пат кон Мадрид, ќе потпише со Атлетико

пред 9 часа

Мортнен Хјулманд (26), капитен на Спортинг од Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од средниот ред на данската репрезентација, лета за Мадрид за да потпише договор со Атлетико.

Ова го објави Фабрицио Романо со „Here we go!“. Тој извик, според најдоверливиот инсајдер, е заштитен знак за трансфер кој е решен и потврден.

Романо додава: „Спортинг и Атлетико постигнаа договор и почнаа да разменуваат документи за трансфер вреден 40 милиони евра и бонуси. Данскиот играч од средниот ред потпишува за Атлетико на пет години“.

Пред три недели, шпанските медиуми напишаа дека Хјулманд е првата желба на Жозе Мурињо во летниот преоден рок во Реал.

Хјулманд е во Спортинг од 2023 година, кога беше купен од Лече за 19 милиони евра. Оттогаш, тој го предводеше Спортинг до две португалски првенства и еден Куп.

Тој постигна 10 гола и им намести на 12 гола на 141 натпревар за клубот. Мурињо го запозна одблизу изминатата година бидејќи беше тренер на Бенфика, најголемиот ривал на Спортинг.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Хјулманд на 45 милиони евра, а неговата клаузула за отштета во Спортинг беше 80 милиони евра. Данецот одигра 27 натпревари за националниот тим.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top