Цела година се без натпревар, тренираа на песок, па на мегдан со Германија

Цела година се без натпревар, тренираа на песок, па на мегдан со Германија

пред 3 години

Големиот ракометен фаворит Германија денеска од 18 часот со прв настап на Мундијалот во Германија, во групата А. Противник, анонимусот, селекцијата на Уругвај.

Овој меч за Германија се очекува да е рутина, но за јужноамериканската селекција е историја. За нив ова е дебитантски настап на Мундијалите, исто како што е и за нивниот противник во групата – Зеленортските острови.

Пласман на СП е голем успех во земја во која има 1.900 регистрирани ракометари.

Уругвај пласманот на Мундијалот во Египет го обезбеди во јануари минатата година, зад Бразил и Аргентина. За нив мечот против Парагвај одигран на 25 јануари беше последниот пред денешното деби против Германија.

Уругвај има само 4 играчи кои играат надвор од Јужна Америка, од кои тројца во Шпанија и еден во Италија. Дел од играчите поради откажаните подготвителни натпревари тренирале на песок, а репрезентацијата се собрала на подготовки во декември и тренирале на отворено.

Share
Scroll to Top