Цимикас ќе паузира со месеци поради сударот со Клоп

Цимикас ќе паузира со месеци поради сударот со Клоп

пред 12 месеци

Фудбалерот на Ливерпул, Костас Цимикас ќе отсуствува со месеци поради скршеница на клучната коска која ја заработи вчера, на бизарен начин, во дербито против Арсенал (1:1).

Како што пишува британски „Мирор“, Цимикас ја скршил клучната коска при пад што се случил по стартот на играчот на Арсенал, Букајо Сака и сударот со менаџерот, Јирген Клоп.

Според весникот, репрезентативецот на Грција ќе паузира најмалку три месеци, можеби и подолго, што значи дека нема да може да настапи за националниот тим во мартовскиот бараж за пласман на ЕУРО 2024 година.

„Мирор“ додава дека Ливерпул ќе се обиде да ангажира лев бек по Нова година, штом започне преодниот рок, бидејќи од претходно е повреден и Енди Робертсон.

Ливерпул е во игра на четири фронта, стигна до полуфиналето на Лига купот, осминафиналето на Лига Европа, а за две недели стартува во ФА Купот, додека во Премиер лигата е во трката за шампионската титула.

Share
Scroll to Top