Циципас: Има место за нови ѕвезди на тенискиот врв!

Циципас: Има место за нови ѕвезди на тенискиот врв!

пред 3 години

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас на Мастерсот во Торонто ќе го прослави 23-от роденден, а се осврна на тоа што ниту еден од големата тројка не учествува на турнирот. Тој верува дека не се тука затоа што не се подготвени. Смета дека има место за нови тениски ѕвезди.

„Има место за нови ѕвезди. Многу се зборуваше за тоа годиниве и ова покажува дека работите се менуваат. Гледаме како различни генерации играчи чекорат и покажуваат на што се се способни“ истакна Циципас.

Тој индиректно најави смена на врвот.

„Интересно е да се има таква варијација и смена на тронот, така да се изразам. Створивме наша група навивачи кои не поддржуваат, не сакаат и поради нас се на секој меч“ вели Гркот.

Share
Scroll to Top