Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас (5. на АТП листата) е првиот осминафиналист на Мастерсот во Монте Карло. Тој во првото коло беше слободен, а во второто лесно и брзо со 2-0 по сетови (6-3 и 6-4) славеше против Аслан Карацев (29. на АТП листата).
Ова беше прв дуел меѓу овие двајца тенисери.
Гркот уште на самиот старт стави до знаење дека е уверен во својата победа. Во првиот сет направи брејк во четвртиот гем, доволно за предност и 1-0 во сетови.
И во вториот сет на Циципас му беше доволен само еден брејк за лесна и убедлива победа.
Тој во борбата за четвртфинале ќе игра со Кристијан Гарин кој денеска со 2-0 во сетови славеше против Феликс Оже-Алијасим.
☑ @steftsitsipas premier qualifié pour les 8e de finale apres sa victoire 6-3 6-4 face à @AsKaratsev. pic.twitter.com/brHh643SnR
— ROLEX MC MASTERS (@ROLEXMCMASTERS) April 13, 2021
Ова се сите денешни резултати на турнирот на кој вчера само делумно се играше тенис, поради врнежите од дожд:
Чекинато – Кепфер 6-4 6-3
Синер – Рамос 6-3 6-4
Делбонис – Манарино 7-5 6-1
Фоњини – Кецмановиќ 6-2 7-5
Пуј – Пела 6-3 6-4
Еванс – Лајовиќ 6-3 6-7 6-2
Хуркач – Фабијано 6-3 3-6 6-3
Карузо – Катарина 6-7 7-6 6-3
Шарди – Бублик 6-4 0-6 7-5
Баутиста Агут – Фриц 6-2 7-5
Руд – Руне 6-2 6-1
Димитров – Штруф 6-3 6-4
Попирин – Андухар 0-6 6-2 7-6