Цонга ја отвори душата: Ѓоковиќ, Надал и Федерер би сакал да не постоеја

Цонга ја отвори душата: Ѓоковиќ, Надал и Федерер би сакал да не постоеја

пред 3 години

Таканаречената „голема тројка“ во светот на тенисот остави голема трага во 21. век и поради нив многумина тенисери не го покажаа квалитетот кој го поседуваат.

Еден од нив е и Французинот Жо Вилфред Цонга кој призна дека би сакал Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер „никогаш и да не постоеле“.

„Да бидам искрен, би сакал тие момци никогаш да не постоеја. Кога сте петти во светот често си кажувате на себе си- би било добро тие да не постоеја“ – рече Цонга.

Цонга губеше финалиња од нив, иако во кариерата има забележано победа и против Србинот, и против Швајцарецот, но и против Шпанецот, а тој на играчите од „големата тројка“ го придодаде и Енди Мареј.

„Да, секако понекогаш ги победував, тоа е извор на гордост, играме во една луда генерација“, со Рафа, со Новак, со Енди и со Роже“ рече францускиот тенисер.

Share
Scroll to Top