Црвена звезда во минус 60 милиони евра

Црвена звезда во минус 60 милиони евра

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Црвена звезда се наоѓа пред банкрот, тврди порталот „Спортклуб“, повикувајќи се на извештајот на независната ревизорска куќа.

Долгот на најтрофејниот спрски клуб, заклучно со последниот ден во минатат година, изнесувал неверојатно 60 милиони евра. Црвена звезда, минатата сезона, ја завршила со минус од 14,32 милиони евра.

И покрај тоа што ревизорот оценил, дека можностите за подобрување на финансиската состојба се ограничени, бидејќи зависеле само од планираните акции на клупските челници, барем засега во клубот не паничат.

Од клубот не кријат дека долгот постои, но дека не е 60 милиони евра, туку е за 22 милиони евра помал, бидејќи домашните банки им простиле поранешни долгови.

Share
Scroll to Top