Црвена звезда на чекор до трофејот во АБА лигата

Црвена звезда на чекор до трофејот во АБА лигата

пред 8 месеци

Кошаркарите на Црвена звезда поведоа во финалната серија од АБА лигата со 2-0. Избраниците на Јанис Сферопулос го победија „вечниот“ ривал Партизан во салата „Александар Николиќ“ со резултат 80:73.

Видовме уште еден тензичен натпревар, но немаше резултатска неизвесност. Црвена звезда беше тимот во водство повеќе од 30 минути.

Клучен човек на Звезда беше Немања Недовиќ, кој одигра неверојатно прво полувреме во кое за 17 минути на теренот постигна дури 21 поен, остатокот од тимот уфрли 17 поени. Во вториот дел не поентираше, но немаше потреба затоа што Партизан едноставно немаше решенија во нападот за да се врати во мечот.

Џоел Боломбој имаше 10 поени (4/4 од поле) и 4 скока, а капитенот Бранко Лазиќ додаде 10 поени (2/4 од поле, 5/6 пенали). Јаго Дос Сантос постигна 8 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Дејан Давидовац додаде 7 поени и 4 скока.

Кај Партизан Џејлин Смит постигна 12 поени (4/8 од поле), а Зек Ледеј, Бруно Кабокло и Пи Џеј Даузер по 11 поени. Кабоколо имаше и 6 скока. Потфрли најефикасниот од првиот меч Џејмс Нанели со само два поени од линијата за слободни фрлања и Кевин Пантер кој постигна седум поени.

Ова е петта победа на Црвена звезда во дуелите со Партизан во 2024 година . Звезда во тековната година го победи Партизан еднаш во Евролигата, еднаш во регуларниот дел од АБА лигата, еднаш во Купот Радивој Кораќ и сега двапати во финалната серија од плејофот на АБА лигата.

Третиот натпревар од серијата се игра во недела од 20.30 часот, домаќин ќе биде Партизан.

Share
Scroll to Top