Црвена звезда сепак ќе има поддршка од трибините

Црвена звезда сепак ќе има поддршка од трибините

пред 4 години

УЕФА, вчера, го казни фудбалскиот клуб Црвена Звезда е казнет со два меча играње пред празни трибини и со парична казна од 30.000 евра затоа што Златан Ибрахимовиќ на стадионот „Рајко Митиќ“ беше навредуван на национална и верска основа.

Српскиот шампион следниот европски натпревар ќе го игра без гледачи (доколку поради Ковид мерките тогаш биде дозволено присуство на публика), а казната за вториот меч е условна и ќе се активира ако ваква слична ситуација се повтори во рок од една година.

Сепак, трибините на стадионот на тие два натпревари нема да бидат празни. УЕФА, дополнително соопшти, дека Црвена звезда ќе може да има поддршка на деца до 14 години.

Сличен потег повлече фудбалскиот клуб Партизан во 2019 година против АЗ Алкмар. Тогаш на трибините имаше околу 20.000 момчиња и девојчиња.

УЕФА и наложи на Црвена звезда тој натпревар да го игра со паролата „Не за расизмот“ и со логото на УЕФА.

Share
Scroll to Top