Дефанзивецот на Волфсбург, Пауло Отавио во саботата го направи најопасниот потег во Бундеслигата, откако имаше „летечки старт со две нозе“ за да го собере напаѓачот на Хофенхајм, Мунас Дабур во судиското продолжение.
Хофенхајм водеше со 2:1 и Дабур имаше шанса да стави точка на мечот по контранапад, но тогаш Отавио реши да влезе на овој брутален начин. Секако, веднаш доби црвен картон, и на крајот не успеа да ја спречи победата на Хофенхајм.
Paulo Otavio le boucher !!! #TSGWOB
— Vibrons Foot (@VibronsFoot) March 6, 2021