Црна Гора се спаси од Азербејџан и доби подарок од Кипар кој го „сопна“ Луксембург

пред 3 години

Црногорците успеаја да останат непоразени од селекцијата на Азербејџан и си ги задржаа шансите за прогрес од Лига Ц во Лига Б во Лигата на нации.

Иако мечот се играше на неутрален терен (во Запрешиќ) поради настаните во Азербејџан, сепак мечот се завршо со најнепопуларниот резултат 0-0. Сепак Црногорците се тие што треба да се задоволни од ваквиот епилог поради тоа што цело второ полувреме играа со човек помалку, во 45 минута Ивановиќ ги остави колегите на цедило.

Црна Гора остана на чело на табелата во групата со 10 бода затоа што Луксембург беше поразен во Никозија, од Кипар 2-1. Со тоа Луксембург е втор со 9 бода пред последното коло во кое Црна Гора игра дома против отпишаниот Кипар.

Во истиот термин се одигра уште еден меч од Лигата на нации, но од Д сегментот. Латвија и Фарски Острови поделија по бод, мечот во Рига заврши 1-1.

Share
Scroll to Top