Италијанската лига потврди дека тимот на Киево Верона е исфрлено од Серија Б во сезоната 2021/22, прогласувајќи го клубот банкротиран, и нивното место во втората лига ќе го преземе Козенца.
Според правилата во Италија, секој клуб мора да го докаже својот финансиски статус пред регистрацијата за новата сезона, за да не се случи банкротирање во текот на сезоната. Неодамна на сличен начин од Серија Б беше исфрлен тимот на Палермо.
Киево, клубот со прекар „летечки магариња“, не успеа да се регистрира бидејќи ги нема исплатено даночните обврски. Ова значи дека тие ќе мора да старуваат од Серија Д, најниското ниво на италијанскиот фудбал, во основа аматерска лига.
Киево го добија прекарот „летечки магариња“ од градските ривали Хелас Верона, кои се шегуваа дека кога клубот ќе влезе во Серија А, ќе „летаат магариња“. Ова се оствари во 2001 година, а потоа Киево играше и во УЕФА купот и во квалификациите за Лигата на шампионите. Минатата сезона тие завршија на осмото место во Серија Б.