ЦСКА спогодбено се раздели со Џејмс

ЦСКА спогодбено се раздели со Џејмс

пред 3 години

Американецот Мајк Џејмс повеќе не е играч на ЦСКА Москва. Клубот и кошаркарот спогодбено се разделиле.

Џејмс сезона и пол го носеше дресот на ЦСКА. Вториот дел од минатата сезона го мина во Бруклин Нетс, каде замина откако тренерот Димитирис Итудис го отстрани од тимот.

Плејмејкерот вкупно настапил на 87 натпревари за ЦСКА, на кои имал просек од 18,8 поени.

Недисциплината е единствената причина поради која ЦСКА се раздели со Џејмс. Не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата.

Покрај за ЦСКА и Бруклин, Џејмс во кариерата играл и за Загреб, Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано.

Share
Scroll to Top