Цупара блесна, Веспрем освои поен против Кил

Цупара блесна, Веспрем освои поен против Кил

пред 4 години

На пет минути пред крајот Кил беа на чекор до победа над Веспрем во ЕХФ Лигата на шампионите, но гостите изддржаа за 31:31 реми и се одмаздија за единствениот пораз оваа сезона и останаа први на табелата со  9 поени по пет меча.

Во првото полувреме се постигнаа дури 38 голови, најмногу оваа сезона во ЛШ, а Сандер Сагосен постигна осум од своите девет, додека во второто полувреме одбраната го имаше главниот збор, како и голманот на Веспрем, Владимир Цупара, кој забележа дури 17 одбрани, од кои 10 во второто полувреме.

Во последните 20 секунди од мечот, Јахија Омар (Веспрем) и Сагосен (Кил) го утнаа последните удари во мечот за да остане 31:31.

Share
Scroll to Top