Чави го испрати Жоао Феликс на ладење

Чави го испрати Жоао Феликс на ладење

пред 9 месеци

Лоша е атмосферата во Барселона во пресрет на новата година. Барселона првиот дел од сезоната го заврши со седум бода помалку од Реал и Џирона. Она што ги загрижува навивачите е неубедливата игра на тимот во измитатите 30 дена.

Чави, незадоволството од она што го игра неговиот тим го искажа и на прес конференцијата по тешката победа над Алмерија (3:2). Шпанските медиуми открија дека во полувремето на тој натпревар, Чави влегол во клинч со Жоао Феликс. Португалецот сезонава како позајмен играч од Атлетико го носи дресот на Барселона.

Информациите говорат дека Жоао Феликс во следниот период ќе тренира одвоено од останатиот дел од тимот.

Во клубот не биле задоволни од однесувањето на Феликс на и надвор од теренот.

Жоао Феликс го започна мечот против Алмерија, но на полувремето Чави реши да го остави во соблекувалната.

Португалецот не бил задоволен од одлуката на Чави, па по натпреварот наводно имало долг разговор помеѓу тренерот и играчот.

На крајот Чави реши да го „смири“ Феликс и да го исфрли од тимот на одреден период.

Како сега стојат работите Барселона нема да го откупи договорот на Феликс. Клубот е во тешка финансиска ситуација, а Атлетико нема намера да го пушти за помалку од 80 милиони евра.

Share
Scroll to Top