Чави за „германската инвазија“ во Барселона: Како да те ограбат во сопствениот дом

Чави за „германската инвазија“ во Барселона: Како да те ограбат во сопствениот дом

пред 2 години

Чави Ернандез вели дека неговите фудбалери се чувствувале како да се „ограбени во сопствениот дом“ откако во четвртокот на „Ноу Камп“ имаше 30.000 фанови на Ајнтрахт Франкфурт во мечот од четврт-финалето на Лига Европа, кој го загубија со 2:3.

Барселона најави менување на правилата за купување на билети, откако иако им беа гарантирани само 5.000 билети на гостите, поради препродажба на билети, трибините беа преполни со германски фанови.

„Фудбалерите не се чувствуваа како да играат дома. Тоа не е изговор, но атмосферата влијаеше и придонесе да се чувствуваме непријатено. Имав лошо чувство од моментот кога се качивме во автобусот пред хотелот. Фрлаа со предмети на нас, а потоа направивме пенал во првата минута. Кобна вечер во секоја смисл. Почна лошо и заврши лошо. Се чувствувавме како да не ограбија во сопствениот дом“, признава Чави.

Share
Scroll to Top