Чебет златна на 10.000 метри, Краузер неприкосновен во фрлање ѓуле

Чебет златна на 10.000 метри, Краузер неприкосновен во фрлање ѓуле

пред 2 часа

Неверојатната трка и победа на Беатрис Чебет на 10.000 метри и демонстрацијата на моќ на Рајан Краузер во фрлање ѓуле го одбележаа првиот ден од Светското првенство во Токио.

Повеќе од 65.000 луѓе ја гледаа трката на 10.000 метри за жени на Олимпискиот стадион. Кенијките Чебет и Нгетич, Етиопјанките Цегај и Таџе и Италијанката Надја Батоклети се одвоија во раната фаза на трката.

Расплетот се случи во последниот круг. Чебет, актуелната светска рекордерка и олимписка шампионка, го забрза темпото, но на општо изненадување само Батоклети ја следеше. Кенијката, сепак, имаше поголема сила и го освои светскиот трон со време од 30:37.61.

Пресреќната Батоклети беше втора, 62 стотинки зад победничката, додека Чегај, која ја бранеше круната од Будимпешта, заврши на третото место.

Рајан Краузер, светскиа и олимписки шампион и светски рекордер не фрлаше никаде цела година. Тој дојде на Светското првенство во Токио и речиси рутински победи со 22,34 метри. Дури и неговиот втор најдобра резултат 21,99 ќе му донесеше уште едно светско злато. Ова е негов трет последователен триумф на светските првенства.

Сензација на денот е Мексиканецот Узиел Муњоз, кој го освои среброто. Во последната серија го фрли ѓулето на далечина од 21,97. Италијанецот Фабри стигна до бронзата со три сантиметри полошо резултат од Мексиканецот.

Новозеланѓанецот Волш исто така имаше 21,94, но поради полоша серија, остана без медал.

Денот заврши со победа на мешаната штафетна екипа на Соединетите Американски Држави на 4 x 400 метри. Дидмонд, Ирби-Џексон, Мекивер и Холмс се искачија на највисокото скалило на подиумот со време од 3:08,80.

Во финалето, среброто и го донесе на Холандија големата Фемке Бол, додека Белгија ја освои бронзата благодарение на одличниот финиш на Елен Понет, која ја престигна Понет од Полска во фото-финишот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top