Челзи го потврди трансферот на Лакроа

Челзи го потврди трансферот на Лакроа

пред 5 часа

Францускиот фудбалер Максенс Лакроа е нов играч на Челзи, објави англискиот клуб.

Лакроа потпиша договор со Челзи до 2032 година, а во клубот доаѓа од Кристал Палас за 60.700.000 евра, објави „Скај Спортс“.

„Навистина сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. Сите ја знаат историјата на Челзи и неговата победничка традиција, па ова е навистина горд момент. Кога разговарав со менаџерот, сфатив дека ги делиме истите цели и желби. Сакаме да победуваме, имаме квалитет на играчи за највисоки цели. Нашата амбиција е да освојуваме трофеи и едвај чекам да го дадам мојот придонес“, рече Лакроа.

Францускиот фудбалер игра како стопер, а минатата сезона имаше 55 настапи за Кристал Палас, каде што запиша три гола и три асистенции.

Лакроа одигра три натпревари на овогодинешното Светско првенство, кариерата ја започна во Сошо, а подоцна се пресели во Волфсбург.

Досега на трансфери на нови фудбалери, Челзи потроши 343 милиони евра.

Морган Роџерс (Астон Вила), 138 мил. евра
Максенс Лакроа (Кристал Палас), 60,7 милиони. евра
Марко Палестра (Аталанта), 57 мил. евра
Џовани Квенда (Спортинг), 50 мил. евра
Емануел Емега (Стразбур), 25,3 милиони. евра
Денмер (Коринтијанс У-20), 10 мил. евра
Дастан Сатпаев (Каират Алмати), 2,4 милиони. евра

На 24 август, Челзи ќе биде домаќин на Фулам во првото коло од Премиер лигата.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top