Челзи експресно најде нов тренер

Челзи експресно најде нов тренер

пред 2 дена

Потрагата на Челзи по нов менаџер се чини дека завршува. Откако Енцо Мареска беше отпуштен во четвртокот, преговорите меѓу лондонскиот клуб и Стразбур во врска со трансферот на Лиам Розениор значително се интензивираа, а англискиот стручњак стана главен кандидат за клупата на „сините“, пишува „Л’еип“.

Според овој извор новиот тренер на „Стенфорд Бриџ“ б требало да пристигне во понеделник. Се очекува Розениор да го предводи Стразбур за последен пат на гостувањето во Ница во сабота. Во меѓувреме, Челзи на натпреварот во недела против Манчестер Сити, од клупата ќе го предводи тренерот на тимот до 21 година, Калум Мекфарлан.

На прес-конференцијата пред натпреварот, кога беше прашан за неговата иднина, Розениор беше криптичен, велејќи дека „не знае што носи утрешниот ден“. Интересно е што сопственичката група „БлуКо“ е акционер во двата клуба, но за да биде се во рамките на дозволеното, Челзи ќе плати надомест за својот нов тренер.

Розениор го презеде Стразбур на почетокот на минатата сезона и ги одведе до седмото место, а е на истата позиција по 16 кола во тековната сезона. Во Конференциската лига, Стразбур го заврши лигашкиот дел од натпреварувањето на првото место со 16 од максималните 18 бода.

Розениор ја започна својата тренерска кариера во 2022 година, кога беше привремен менаџер на Дерби Каунти на 12 натпревари. Тој го водеше Хал Сити од ноември 2022 до мај 2024 година.

Како играч, Розениор има 15 години искуство во Премиер лигата и Чемпионшип лигата, играјќи за Фулам, Рединг, Ипсвич Хал и Брајтон.

Foto/ EPA/Liselotte Sabroe

Share
Scroll to Top