Челзи ќе го донесе Камавинга, доколу Енцо замине во Сити

Челзи ќе го донесе Камавинга, доколу Енцо замине во Сити

пред 4 часа

Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“.

Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат.

Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, знае каде ќе потроши половина од тие пари. Негова цел е Едуардо Камавинга, кој не е во прв план кај Жозе Мурињо и покрај тоа што доби 15 минути во првиот меч од сезоната во Ла Лига, против Еспањол.

Французинот од почетокот на преодниот рок јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Реал и дека е подготвен да се бори за место во тимот. Сепак, спроред некои медиуми, би можел да го смени мислењето доколу добие гаранции дека ќе биде стартер во Челзи.

Французинот е член на клубот од 2021 година. Одигра 224 натпревари со шест гола и 11 асистенции, а неговиот договор истекува во јуни 2029 година.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top