Челси го продаваат Зијеш по само една сезона?

Челси го продаваат Зијеш по само една сезона?

пред 3 години

Челси се подготвени да го продадат Хаким Зијеш ова лето по само една сезона на „Стемфорд бриџ“, со повеќе италијански клубови како можна опција, тврди „Калчомеркато“.

Мароканецот пристигна во Челси од Ајакс минатото лето и имаше 39 настапи на сите натпреварувања за „сините“, во кои постигна шест гола имаше четири асистенции, но не се вклопува во стратегијата на Томас Тухел, а во Италија Наполи и Милан се заинтересирани за неговите услуги.

Англиските медиуми пак, сметаат дека Челси ќе има добар буџет за засилувања и дека ќе купат најмалку четири нови фудбалери ова лето, по што дури 11 фудбалери од клубот би добиле дозвола да си заминат.

Share
Scroll to Top