По синоќешниот пораз на Арсенал кај Брентфорд (2-0) и пладневниот убедлив триумф на Јунајтед против Лидс (5-1), во стандардниот саботен термин од 16 часот се одиграа пет натпревари од англиската Премиерлига.
Се чини дека најголемо интересирање предизвика дуелот на „Стемфорд Бриџ“ меѓу европскиот шампион Челси и тимот на Кристал Палас. Пулените на Томас Тухел рутинирано со 3-0 славеа против Палас.
Стрелци на головите за прв сезонски триумф беа Алонсо во 27 минута, Пулишиќ во 40 минута и Чалобах во 58 минута од мечот.
За натпреварот во комбинација не беше новото засилување Ромелу Лукаку, а поради повреда во составот ги немаше Нголо Канте и Хаким Зијеш.
Екипата на Лестер Сити минимално со 1-0 славеше стартна победа во ПЛ на домашен терен против тимот на Волфсбург.
Стрелец на голот вреден три бода за „лисиците“ беше кој друг ако не Џејми Варди во 40 минута.
Интересно беше и на „Гудисон парк“. Таму Евертон со пресврт победи со 3-1 против Саутемптон иако со голот на Армстрон во 22 минута гостите имаа предност на полувремето.
Ришарлисон на стартот на вториот дел донесе израмнување, Дукуре во 76 минута ги донесе „карамелите“ во предноста, а конечниот резултат беше дело на Калверт-Луин во 81 минута.
На преостанатите два дуели Вотфорд со 3-2 беше подобар од Астон Вила, а Барнли на свој терен доживеа пораз од 2-1 од тимот на Брајтон.
Со почеток во 18:30 часот започнува последниот денешен дуел од ова коло, меѓу Норич и Ливерпул.