Челси на итен состанок, Лукаку во втор план, се „кова“ план за Меси

Челси на итен состанок, Лукаку во втор план, се „кова“ план за Меси

пред 3 години

Шампионите од Лигата на шампионите, Челси влегуваат во борбата за носење на Лионел Меси на „Стемфорд Бриџ“ тврдат извори од Шпанија, кои додаваат дека Роман Абрамович свикал итен состанок со неговите директори во обид да се склучи договор.

Иако има 34 години, малку клубови со силни финансии, како Челси, не би го посакале Аргентинецот во својот тим, и според „АС“, ова значи дека Челси го трга фокусот од Ромелу Лукаку од Интер и дека сега првата цел е Аргентинецот.

Лондонскиот клуб е еден од ретките кои може да се спротистави на ПСЖ според финансиската моќ, што Абрамович го покажа минатото лето кога донесе засилувања вредни 250 милиони фунти. Ова не е првпат рускиот милијардер да оди по Меси, во 2014 година, кога Жозе Мурињо беше менаџер во Челси, Абрамович наводно понудил 250 милиони евра за ѕвездата.

Share
Scroll to Top