Челси подготвуваат 100 милиони фунти за Белингам!

Челси подготвуваат 100 милиони фунти за Белингам!

пред 3 години

Челси се заинтересирани да го вратат Џуд Белингам во англискиот фудбал ова лето, со подготвеност да платат 100 милиони фунти на Борусија Дортмунд за англискиот тинејџер.

17-годишниот фудбалер од средниот ред блеска за „милионерите“ во првата сезона откако пристигна од Бирмингем сити за 25 милиони фунти, а по настапите во Лигата на шампионите, според „Евроспорт“, Челси се подготвени да платат скапо за да го донесат талентот.

Според нивните извори, поранешниот менаџер Френк Лампард сметал на трансфер на Деклан Рајс од Вест хем следното лето, но Томас Тухел смета дека Белингам е подобар избор за иднината. Според „Евроспорт“, Дортмунд повеќе ќе сакаат да ги заддржат Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо ова лето, но би биле подготвени за голема сума да се разделат со Белингам.

Инаку, пред преселбата во Дортмунд, Манчестер јунајтед беа најблиску до потпис за Белингам додека тој беше фудбалер на Бирмингем сити, и дури го ангажираа Сер Алекс Фергусон да го „прошета“ низ „Олд Трафорд“ и тренинг-центарот во Керингтон, пред тој да се одлучи на трансфер во Германија.

Share
Scroll to Top