Перут Чемутаи од Уганда, победи во финалето, на трката на 3.000 метри стиплчејс, на Олимписките игри во Токио. 22-годишната атлетичарка го освои првиот златен медал за Угада на ОИ во Токио и воопшто во историјата на оваа африканска држава. Во олимписката историја на Уганда, ова е трет медал, претходните два ги освоија Чепегеи и Киплимо на трките на 10.000 метри.
Во трка со спорт ритам, Чемутаи, успеа да се одвои во последните 200 метри, а останатите не може да го следат нејзиниот ритам. Во целта влезе со време од 9:01.45 минути.
Со нешто повеќе од три секунди послаб резултат (9:04.79), второто место го освои Американката, Кортни Фречирс. Бронзата и припадна на Хивин Кијенг од Кенија (9:05.39).
Актуелната светска шампионка во оваа дисциплина, Беатрис Чепкоеч, го освои седмото место.