Трофејниот хрватски тренер Лино Червар (75) се враќа во Македонија, тој ќе го преземе Еурофарм Пелистер.
По сезона во која клубот од Битола, смени дури три тренери и по три години остана без шампионска титула, во Пелистер се одлучија за проверено решение.
Червар е во контакт со раководството во врска со составот на тимот за следната сезона, а клубот верува дека тоа ќе донесе стабилност и резултати.
Пелистер оваа сезона остана без трофеите во домашното првенство, но направи солидна европска кампања во која освои шест бода во Лигата на шампионите со две победи и два нерешени натпревари.
Червар претходно остави длабок белег во македонскиот ракомет, особено како тренер на Металург, со кого играше двапати во четвртфиналето на Лигата на шампионите и освои неколку домашни трофеи.
Тој ја предводеше и Македонската репрезентација, а најголемиот успех во кариерата го постигна со хрватската репрезентација, со која го освои олимпиското злато во 2004 година во Атина и светското злато во 2003 година во Португалија.
Иако е во доцните години, Червар сè уште ужива голем углед во ракометот, а во Битола се надеваат дека неговото доаѓање ќе го врати клубот на врвот.






