Чеферин пак им се закани на Јуве, Реал и Барса: Правдата ќе ве стигне!

Чеферин пак им се закани на Јуве, Реал и Барса: Правдата ќе ве стигне!

пред 3 години

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин повторно ги предупреди трите клуба кои останаа верни на проектот за Европската Суперлига (Јувентус, Барселона и Реал Мадрид) дека не избегнале казна и покрај одлуката на УЕФА да ја стави во мирување дисциплинската постапка против трите клуба.

Поради одлуката на трговскиот суд во Мадрид, УЕФА не смее да ги казни трите клуба за обидот за формирање на Суперлигата, што значи дека тие сигурно ќе настапат во Лигата на шампионите следната сезона. Чеферин, сепак, вели дека тоа не е крајот.

„Само ќе кажам дека правдата понекогаш е спора, но секогаш пристигнува. Не сум навлегол во дисциплинскиот случај, но мислам дека одлуката не е конечна. Прво ќе ги разјасниме легалните работи, а потоа ќе продолжиме. Овие три клуба се однесуваат како деца кои бегаат од часови. Не се поканети на роденденска забава, а потоа се обидуваат да влезат со полиција“, вели Чеферин.

По изјавата на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини дека клубовите го имаат правото да формираат паралелно натпреварување, Чеферин вели дека овој коментар „не заслужува одговор“.

УЕФА привремено ја стопираше дисциплинската против Реал, Јуве и Барса

Share
Scroll to Top