Чеченците му се „навртеа“ на Дагестанецот Нурмагомедов

Чеченците му се „навртеа“ на Дагестанецот Нурмагомедов

пред 3 години

Шведската УФЦ сензација со чеченско потекло, Хамзат Чимаев се приклучи на „ударот“ кон пензионираната УФЦ легенда Хабиб Нурмагомедов во необична војна на зборови меѓу Дагестанците и Чеченците преку социјалните мрежи.

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров во минатото имаше пријателски односи со Нурмагомедов и дури му подари автомобил, но вчера имаше необична изјава во која го предизвика Хабиб да се бори со фајтер од неговиот Ахмат ММА клуб во Чеченија, велејќи дека тој е само „проект на УФЦ“.

„Ако сака да докаже дека не е така, зошто никогаш не забележавме дека нашиот брат Хабиб не се натпреваруваше под знамето на Руската Федерација или на Дагестан, туку само во свое име. Тој ги искина сите во УФЦ, но прашање е дали би можел да победи некој од клубот Ахмат“, изјавил Кадиров.

На ова се надоврза Чимаев, кој се понуди да го „искине“ Нурмагомедов во негово име. По ова се јави братучедот на Хабиб, исто така УФЦ фајтер, Абубакар Нурмагомедов, кој посочи дека токму Чимаев се откажал од Чеченија за „пријатен живот во Шведска“.

„Откако се пресели во Шведска и се жалеше на сопствената Чеченска Република, која те репресирала, доби документи за лагоден живот. Сега, откако стана славен, се смени. Сега се врати во Чеченија и работите се добри за тебе. Ако, среќен сум за тебе. Немој да излегуваш од оваа зона. Неодамна во Америка, седеше со нас на иста маса и јадеше со нас, тренираше во иста сала, одеше заедно во џамија и не нарекуваше браќа. А, сега ќе не кинеш. Секој има право на свое мислење, но биди внимателен што кажуваш, посебно кога зборуваш за Дагестанци. Јас не сакам да сум голем шампион, ниту барам од целиот свет да ми даде да скршам некого. Ти кршиш нешто со твоите зборови. Зборуваме за лични квалитети кои мора да ги имаме како муслимани и соседи во братски републики“, напиша Абубакар.

Хабиб доби нов Мерцедес од чеченскиот шеф (видео)

Share
Scroll to Top