Чурлинов со грешка за пораз на Шалке, беше повлечен од игра по само 22 минути

Чурлинов со грешка за пораз на Шалке, беше повлечен од игра по само 22 минути

пред 3 години

Шалке на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов испадна во 1/16 финалето на германскиот ДФБ куп, откако токму тој ја загуби топката по која 1860 Минхен стигна до единствениот гол на мечот во 5. минута од мечот, по што беше повлечен од игра по само 22 минути.

Во дуел на два клуба кои до пред неколку години беа постојани членови на Бундеслигата, а сега играат во втората лига (Шалке) и третата лига (1860 Минхен), беше одлучен на стартот на мечот, а потоа Шалке добија црвен картон на почетокот на второто полувреме.

Прволигашите РБ Лајпциг, Хофенхајм и Херта Берлин немаа проблеми да влезат во осминафиналето против понискорангирани противници.

ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

1860 Минхен – Шалке 1:0

Бабелсберг – РБ Лајпциг 0:1

Хофенхајм – Кил 5:1

Минстер – Херта Берлин 1:3

Share
Scroll to Top