Швјонтек, во Мајами елиминирана во првото коло

Швјонтек, во Мајами елиминирана во првото коло

пред 2 часа

Ига Швјонтек е во длабока криза, најдлабока откако стана голема шампионка. До пред нешто повеќе од една година, најдобрата тенисерка на светот повеќе не е најдобра ниту во својата земја.

Победничката на шест Гренд слем турнири беше поразена во првиот натпревар во Мајами од нејзината сонародничка Магда Линети, рангирана на 50-то место во светот, со 1:6, 7:5, 6:3.

„Ова е најлошиот кошмар за сите, кога ќе изгубите ваков натпревар“ – разочарано изјави четирикратната шампионка на Ролан Гарос, која имаше одличен почеток, доминираше во првиот сет, но кога не ја заврши работата во вториот, одеднаш застана.

Поразот во првото коло ќе влијае и врз нејзиниот пласман на ВТА листата. Од понеделник, сигурно нема да биде на второто место, а можеби нема да биде ниту втора доколку Коко Гоф стигне до финалето.

Ига Швјонтек не само што нема титула од почетокот на годината, туку нема ниту еден пласман во полуфиналето. Последниот трофеј го освои минатата есен во Сеул.

Share
Scroll to Top