Шевченко проговори: Претставнците на Мудрик нè замолија молеа да подметнеме примерок од допинг тестот

Шевченко проговори: Претставнците на Мудрик нè замолија молеа да подметнеме примерок од допинг тестот

пред 21 минута

Андриј Шевченко, легендарниот фудбалер и претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина, одговори на обвинувањата на Микајло Мудрик.

Фудбалерот на Тотенхем пропушти две години од својата кариера поради позитивен тест за забранетата супстанца мелдониум. Тврди дека забранетата супстанца не може да се најде во Англија и сигурно ја „собрал“ во неговата родна земја за време на репрезентативен собир.

Освојувачот на „Златната топка“ во 2004 година не му остана должен на напаѓачот.

„Претставниците на Мудрик постојано се обраќаат до Сојузот со барање да пронајдеме вработен кој ќе ја преземе вината за присуството на мелдониум во неговиот примерок. Таквата сугестија за поткуп е целосно спротивна на нашите принципи. Ова се неосновани обвинувања против луѓе кои си ја работат работата чесно и професионално. Ако Микајло има докази, нека ги презентира. Ако нема, очекувам јавно да ги повлече своите изјави и да се извини“, рече поранешниот напаѓач на Милан и Челзи.

Дополнителна димензија на приказната дава официјалното писмо од „Сините“ до Украинскиот сојуз, во кое се бара медицинскиот персонал да не му дава никакви лекови на Мудрик за време на неговите обврски во националниот тим.

Според Шевченко, тој договор бил целосно почитуван. 25-годишникот првично требало да отслужи четиригодишна казна, но таа му беше преполовена по жалбата. Тој доби право да настапува по долгата пауза во јули.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top