Шест спортисти ќе ја претставуваат Македонија во Париз

Шест спортисти ќе ја претставуваат Македонија во Париз

пред 3 месеци

Македонската делегација утре ќе замине за Париз, каде на 26.јули ќе започнат Олимписките игри. На најголемиот спортски настан, Македонија ќе ја претставуваат шест спортисти. На свеченото отворање знамето на Македонија ќе го носат Милијана Рељиќ и Дарио Ивановски.

Наместо најавените седум, Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти. Ева Петровска (пливање, 800 метри), поради болест го откажа настапот.

Ден по свеченото отворање први на борилиштата од македонските спортисти ќе се појават Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно) и Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка).

Дарио Ивановски (атлетика, 10 август маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил),, Еди Шерифовски во џудо на 30 јули и таеквондистката Милијана Рељиќ во периодот од 7-10 август.

На Летните олимписки игри Македонија ќе има четворица судии: во ракометот Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, во триатлон Иван Михајловски и во тенис Анета Павловска.

Фото/ mok.org.mk

Share
Scroll to Top