Шефот на ОИ Токио вели: Жените зборуваат премногу!

Шефот на ОИ Токио вели: Жените зборуваат премногу!

пред 3 години

Шефот на организациониот комитет на Олимписките игри во Токио, Јоширо Мори е под притисок да си даде оставка откако изјави дека неговите женски колеги зборуваат премногу на состаноците.

„Жените имаат огромно чувство за ривалство. Ако една од нив крене рака да зборува, сите имаат потреба да зборуваат. Сите на крајот кажуваат по нешто. Некој ми посочи дека ако го зголемиме бројот на жени во бордот, исто така ќе мораме да го ограничиме времето за зборување. Во спротивност, никогаш нема да престанат, и тоа е проблем“, изјави 83-годишниот Мори во средата.

Мори, кој е поранешен јапонски премиер, подоцна се извини за своите зборови, велејќи дека биле „непримерни“, но одби да си замине од позицијата.

„Тоа беше неприкладен коментар. Би сакал да се извинам. Мојата сопруга ми беше лута вчера. Ми кажа, оди повторно да кажеш некоја глупост, па потоа јас да страдам. Немам намера да си поднесам оставка“, изјави Мори.

Share
Scroll to Top