Шефот на Ф1 инсистира: Фановите треба да ја слават доминацијата на Ферстапен

Шефот на Ф1 инсистира: Фановите треба да ја слават доминацијата на Ферстапен

пред 1 година

Иако според многу фанови на Формула 1, апсолутната доминација на Макс Ферстапен и неговиот тим, Ред бул рејсинг, носи многу здодевност и недостаток на неизвесност во трките, шефот на Формула 1, Стефано Доменикали вели дека тоа треба да биде причина за славје.

Ако победи на својата домашна трка во Цандворт овој викенд, тој ќе го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет победи во низа, а Ферстапен исто така е блиску до својата трета титула едноподруго по 10 победи во првите 12 трки.

„Ова е вистински момент да се прослави фантастичната работа која Ферстапен и неговиот тим ја имат во моментов. Ако се погледне неговата предност пред колегата, тогаш станува јасно колку добра работа завршува. Тоа секогаш било дел од Формула 1. Сигурен сум дека во следните години, техничката разлика меѓу болидите ќе биде намалена, но кога некој е голем и прави исклучителни работи тоа мора да биде признаено и славено“, вели Доменикали.

Share
Scroll to Top