Шилтон: Марадона никогаш не се извини за „Божјата рака“

Шилтон: Марадона никогаш не се извини за „Божјата рака“

пред 4 години

Питер Шилтон е еден од најдобрите голмани во историјата на англискиот фудбал. Исто така е познат и по најпознатиот гол во историјата на фудбалот, „Божјата рака“ на Диего Армандо Марадона. Шилтон го бранеше голот на Англија во поразот од Аргентина 1:2, во четврт-финалето на Светското првенство во Мексико, во 1986 година.

Изразувајќи сочуство за смртта на Марадона, тој рекол дека еден од најдобрите во историјата никогаш не им се извинил за тој потег.

„Како воопшто можевме да очекуваме нешто такво? Марадона скокна во исто време со мене, се обидуваше да дојде до топката. Знаеше дека нема да може да ја удри со глава, поради што со рака ја тура во голот. Тоа беше гол вон сите правила, чиста измама. Се сврти да ја види реакцијата на судијата, кога виде дека тој не реагира, започна да го прославува голот. Да не го постигнеше тој гол, немаше да го постигне ниту вториот, кој навистина беше брилијантен“, рекол Шилтон.

Шилтон истакнал дека Марадона никогаш не се покајал, не се извинил поради тој гол.

„Не се извини. Никогаш не кажа дека мамел и дека му е жал, туку инсистираше на приказната ‘Божја рака’. Тоа не беше во ред од негова страна“, заклучил Шилтон.

Диего Армандо Марадона, почина во средата од срцев удар.

Share
Scroll to Top