Шифрин далеку пред конкуренцијата во Куршевел

Шифрин далеку пред конкуренцијата во Куршевел

пред 3 години

Михаела Шифрин победи на трката во велеслалом, која во рамките на Светскиот куп, во понеделникот се одржа во Куршевел. Американката зад себе ги остави Федерика Брињоне од Италија и Теса Ворли во Франција.

За Шифрин ова беше четврта трка по долгата пауза, која ја имаше поради смртта во семејството и повредата на грбот. Во Куршевел таа победи со вкупен резултат 2:19.63 минути.

Шифрин далеку зад себе ги остави конкурентките, Брињоне на второто место задоцни 82 стотинки, а Ворли која го освои третото место имаше послаб резултат за секунда и девет стотинки.

Денешната победа во Куршевел е 67 во кариерата за Американката.

Со оваа победа Шифрин се искачи на третото место во вкупниот поредок, во велеслалом. Шифрин има 150 бодови, 50 помалку од Бесино и 52 помалку од Брињоне.

Во вкупниот пласман води Петра Влхова со 420 бодови, втора е Шифрин со 275.

Share
Scroll to Top