Шифрин „златна“ во комбинација

Шифрин „златна“ во комбинација

пред 3 години

Американката Микаела Шифрин го освои златниот медал во комбинација, на Светското првенство во Кортина д’Ампецо. Ова е шесто злато за Американката на светските првенства, прво во комбинација.

На двете трки, во супер-џи и слалом, Шифрн забележа вкупен резултат 2:07.22 минути. 25-годишната Американка бее надмоќна во однос на конкурентките. Петра Влхова на второто место имаше послабо време за 86 стотинки. Три стотнки подалеку од Влхова, а 89 од Шифрин беше Швајцарката Мишел Гисин.

Трката ја обележа исклучително тешката патека и големиот број на откажувања во слалом. Слаломската трка не ја заврши Федерика Брињоне, која беше најбрза во супер-џи, а се откажа и двојната светска првенка во комбинација, Венди Холендер.

Share
Scroll to Top