Шкендија го декласира Вардар

Шкендија го декласира Вардар

пред 3 години

Лидерот во македонскиот фудбалски шампионат, Шкендија, го декласира Вардар, во 24.коло. Шкендија, во Скопје, забележа победа со 6:1. Победи со пресврт над опонентите забележаа Шкупи и Македонија ЃП.

Вардар, први постигнаа гол против Шкендија, преку Мирчевски во 10.минута и тоа беше се што направија против лидерот. До крајот на полувремето, Шкендија преку Рамадани и Ибраими, во 27 и 34 минута направи пресврт во резултатот. Во вториот дел Шкендиа испорача уште четири гола во голот на Вардар, својот втор гол го постигна Ибраими, а стрелци беа и Дориев, Хебај и Елези.

Денешната победа е најубедливата за Шкендија во дуелите со Вардар.

Шкендија со оваа победа ја задржа предноста од седум бода на врвот, во однос на Шкупи.

Резултати:

Вардар-Шкендија 1:6
Силекс-Шкупи 1:3
Академија Пандев-Струга 1:0
Беласица-Работнички 1:1
Ренова-Македонија ЃП 1:2

Табела: 1. Шкендија 53, 2. Шкупи 46, 3. Македонија ЃП 41, 4. Струга 32, 5. Работнички 33, 6. Борец (-1) 32, 7. Пелистер 28, 8. Академија пандев 28, 9. Вардар 27, 10. Силекс 26, 11. Ренова 24, 12. Беласица 14.

Share
Scroll to Top