Шовковски повторно ќе брани за Украина

Шовковски повторно ќе брани за Украина

пред 4 години

Голманот Олександер Шовковски е ставен на спискот на фудбалери кои вечерва за Украина ќе играат пријателски натпревар против Франција во Париз.

Иако има 45 години се чини дека Шовковски и понатаму е во добра форма, а исто така неговото повикување во репрезентацијата мое да значи и дека Украина нема многу подобри голмани од него.

Шовковски доби повик од селекторот Андриј Шевченко иако се повлече од фудбалот во 2016 година. Целата кариера тој ја мина во Динамо Киев. Од пред две години тој е еден од асистентите во стручниот штаб на селекторот Шевченко.

Украинците мораа да направата ваков потег бидејќи шестмина репрезентативци се позитивни на корона вирусот и се наоѓаат во карантин во еден хотел во Париз.

Шевченко го стави на спискот Шовковски бидејќи нема резервен голман за овој натпревар.

Иако не е активен и нема клуб правилата на УЕФА му дозволуваат да брани бидејќи е државјанин на Украина.

Олександер Шовковски во кариерата настапил на 92 натпревари за Украина.

Share
Scroll to Top