Четвртиот натпревар од осминафиналето на Европското првенство го играат Шпанија и Грузија.
Шпанците се единствената екипа која имаше максимални девет бода во групната фаза, а досега го одиграа можеби и најубедливиот фудбал на ова првенство.
Уникатни по тоа што ги победија Хрватска, Италија и Албанија една по друга, без ниту еден примен гол.
Од друга страна Грузија е најголемото позитивно изненадување на ЕП.
Според рангирањето на ФИФА, таа е најлошата репрезентација на ова евро (74.), но тоа не ја спречи да освои четири бода во групата и да се пласира во осминафиналето како една од најдобрите третопласирани селекции.
Победата од 2:0 над Португалија во последното коло беше клучна за минување на Грузијците, кои во тој момент го имаа обезбедено првото место во групата.