Шпанија и Португалија ја сакаат организацијата на СП во 2030

Шпанија и Португалија ја сакаат организацијата на СП во 2030

пред 3 години

Португалија и Шпанија потврдија дека ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2030 година. Договорот за заедничката кандидатура Фудбалските сојузи на Шпанија и Португалија го потпишале синоќа пред почетокот на пријателскиот натпревар помеѓу двете репрезентации на стадионот „Жоао Алвеладе“ во Лисабон.

Покрај Шпанија и Португалија кандидатура за организација на СП во 2030 година најави и Мароко, а заедничка кандидатура ќе поднесат четири држави од Јужна Америка (Чиле, Уругвај, Парагвај и Аргентина).

Домаќинот на СП во 2030 година ФИФА ќе го одреди во 2024 година.

Мундијалот во 2022 година ќе се одржи во Катар, а во 2026 година во САД, канада и Мексико.

Share
Scroll to Top