Шпанските судии го кренаа ггласот против Флорентино: Бараме дисциплинска постапка за клевета

Шпанските судии го кренаа ггласот против Флорентино: Бараме дисциплинска постапка за клевета

пред 2 часа

Во Мадрид се води сериозна војна и прашањето е дали Флорентино Перез ќе излезе како победник. Со прес конференцијата што ја одржа во вторникот, најкратко на сите им порача: „Јас сум Бог, а на изборите кој и да ми се спротивстави, ќе изгуби“. Потоа откако ја префрли вината за неуспешната сезона на група ултраси и неколку медиуми кои „работат против клубот“, критиките кон судиите беа неизбежни. Тоа не беа критики, туку сериозни обвинувања.

„Пред три години откривме дека се справуваме со корупција во случајот Негреира (скандал фокусиран на истрагата за плаќањата направени од ФК Барселона на компании во сопственост на тогашниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии). Тоа е најголемиот скандал во историјата. Несфатливо е што сè уште гледаме судии од таа ера во нашата Лига. Подготвуваме огромно досие од 600 страници што веднаш ќе го презентираме на УЕФА. Нема да дозволам судиите да се збогатат со парите на Барселона. Барса секогаш профитира, ќе видиме што ќе се случи во кривичните и спортските постапки.

Велат дека сме останале „со празни раце“. Тука сум не знам колку сезони и имам освоено само седум европски титули и седум шпански титули. Можев да имам 14 титули да не ни ги украдеа и да ѝ ги дадоа на Барселона! Направивме видео за 18-те бода што ни беа одземени од грешките на судијата само оваа сезона“, рече меѓу другото првиот човек на „кралскиот клуб“.

Овој пат, охрабрени од ранливоста на Перез, кој е притиснат од сите страни, судиите одлучија да не молчат за клеветите.

Синдикатот на судии, основан на почетокот на сезоната, одлучи да преземе мерки против претседателот на Реал. Првиот чекор што го преземаат е да го изнесат прашањето пред Комитетот за натпреварување, од кој бараат да започне истрага против Флорентино поради сериозни и неосновани обвинувања против нив.

„Овие изјави не можат да се оправдаат со легитимно остварување на слободата на изразување или спортската критика, со оглед на тоа што г-дин Перез не само што укажува на изолирани судиски грешки, туку го обвинува Судиското тело за континуирано кривично дело корупција во текот на две децении! Комитетот за натпревари треба, како итна превентивна мерка, да упати барање до г-дин Перез да престане да дава слични изјави додека трае постапката; да го прогласи за должен да го обесштети Судиското тело за морална, репутациска и професионална штета; и да побара од Реал Мадрид јавно да се извини“, истакнува здружението на судии.

Понатаму, синдикатот на судии нагласува дека чекал да поднесе жалба по 36-то коло од Примера со натпреварот Реал Мадрид-Овиедо од почит кон натпреварувањето и другите клубови. Сепак, тие не се заплашени од обвинувањата, кои само длабоко ги вознемирија:

„Тоа е сериозен, неоправдан и систематски напад врз професионалната и институционалната чест на Здружението на судии, без никаква основа.“

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top