Шпански новинар тврди дека Артета ќе го напушти Арсенал

Шпански новинар тврди дека Артета ќе го напушти Арсенал

пред 10 месеци

Микел Артета ги известил челниците на Арсенал дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, така тврди каталонскиот „Спорт“.

Каталонскиот весник објави ексклузива, повикувајќи се на блиски извори, дека Артета смета дека е најдобро да го напушти Арсенал по завршувањето на сезоната 2023/24.

Оваа информација експресно беше демантирана од Лондон. Англичаните тврдат дека Артета е блиску до потпишување на нов договор.

Новинарот Томас Андреу, пишува дека оваа информација се чува во тајност, но дека Артета веќе разговарал со луѓето од своето опкружување за можно заминување.

Андреу го спомнува е најавеното заминување на Чави од Барселона и додава дека Џоан Лапорта отсекогаш го ценел Артета и никогаш не криел дека тој е идеалниот профил за тренер на Барселона.

Share
Scroll to Top