Машкиот дел од фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио, денес го отворија Шпанија и Египет. Шпанците не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога, дуелот во Сапоро, заврши без голови.
Покрај лошата игра,Шпанците се загрижени и поради повредите кои им се случија во текот на натпреварот. Најголемата шанса на натпреварот ја имаше Дани Себаљос. Неговиот обид од далечина, во 28.минута, заврши во стативата.
Во првото полувреме теренот го напуштија Оскар Мингеза и Дани Себаљос. Не е познато колку овие двајца ќе отсуствуваат од теренот.
Покрај Египет и Шпанија, во оваа група се и репрезентациите на Аргентина и Австралија. Тие својот натпревар ќе го започнат во 12.30 часот.