Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ

Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ

пред 7 часа

НБА го суспендираше кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, на три натпревари, поради обид да го удри Лука Дончиќ по поразот од Лос Анџелес Лејкерс.

Настанот се случил на 28 декември минатата гоидна, по натпреварот што Лејкерс го добија како домаќини со 125:101.

Дончиќ и Шрудер имале неколку вербални конфликти во текот на натпреварот.

За време на еден тајмаут, Дончиќ го провоцирал Шредер, велејќи му „требаше да го потпишеш тој договор“, алудирајќи на четиригодишното продолжување од 82 милиони долари што Шредер го одби од Лејкерс пред неколку години, а потоа мораше да се задоволи со многу помалку профитабилен договор.

Страстите се чинеше дека се смирија по завршувањето на натпреварот. Сепак, германскиот репрезентативец кога ја напуштил соблекувалната го забележал Дончиќ и се стрчал кон него пред соблекувалната на Лејкерси.

Четириесет минути по последниот звук на сирената, Шредер се упатил кон Дончиќ, велејќи му дека не може да го нарече навредлив на теренот, а потоа надвор од теренот да се однесува како сè да е во ред. НБА заклучи дека се обидел да го удри Дончиќ.

Центарот на Лејкерси, Деандре Ајтон, се обидел да го повлече Шрудер настрана, додека исплашениот Дончиќ веднаш се оддалечил, а морало да интервенира и обезбедувањето.

Шредер на крајот беше испратен до тимскиот автобус додека тренерот на Кингс, Даг Кристи, и неколку соиграчи се обидувале да разберат што всушност се случило.

Лејкерси и Кингс ќе се сретнат повторно во понеделник, во Сакраменто, а Шредер ќе го пропушти и тој натпревар поради суспензијата.

Share
Scroll to Top