Лионел Меси го помина својот поранешен соиграч Луис Суарез на листата на стрелци во шпанската Ла лига, постигнувајќи го својот 17. и 18. гол во 2020/21 за да ги предводи Каталонците до тешка 3:0 победа над Елче.
По првото полувреме без голови, капитенот во 48. минута со одлично проигрување на Мартин Брејтвајт ја помина целата одбрана на гостите за да постигне гол, а во 69. минута да добие убава топка од Френки де Јонг за 2:0. Ако тоа не беше доволно, тој ја инспирираше и акцијата за 3:0 нафрлајќи за Жорди Алба да постигне гол во 73. минута.
Иако ова беше одложен натпревар од првото коло во Ла лига, Барса сега е трета со 50 поени, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид (со ист број одиграни натпревари) и пет зад лидерот Атлетико (со натпревар помалку). Елче остануваат претпоследни со 21 освоен поен.