Што се случува во ВАР собата? Дискусија по половина час од инцидентот!

пред 3 години

Мечот од Премиер лигата помеѓу Лестер и Вулверхемптон донесе интересен увид на работата на судиите во ВАР-собата, кога ТВ-снимките ја покажаа „расправијата“ на судиите за првиот досуден пенал за Лестер. Лестер стигнаа до 1:0 победа со голот од пенал на Џејми Варди во 15. минута, кога дефанзивецот на „волците“, Макс Килман играше со рака додека трчаше. Многу фанови сметаа дека ова е престрого досуден пенал, а очигледно истата дискусија се водеше и во ВАР-собата – Нил Сворбрик, главниот ВАР-судија (во белата маичка на видеото) разговара со Стјуарт Атвел, вториот член на тимот. Интересно дискусијата се одвива на полувремето, односно речиси половина час откако пеналот беше досуден. Инаку ако минатата сезона Манчестер јунајтед беа ВАР-фаворити за пенали, Лестер оваа сезона во само осум меча добија осум пенали! The officials on VAR appear to be having a debate about that first penalty at half-time ? pic.twitter.com/f4n0d5BlXy — Football Daily (@footballdaily) November 8, 2020 Варди еднаш погоди, еднаш утна пенал, „лисиците“ на врвот

Share
Scroll to Top