Што се случува во Менхенгладбах? Баерн губи со 3:0 по 20 минути!

Што се случува во Менхенгладбах? Баерн губи со 3:0 по 20 минути!

пред 3 години

Дека по 20 минути игра на меч на Баерн Минхен има постигнато три гола е вест што не треба да изненади никој навивач на Баварците. Но, кога сите три гола се во мрежата на Мануел Ноер, тогаш знаете дека имате посебна вечер пред вас.

Борусија Менхенгладбах успеа да стигне до ова водство по 21 минути игра во 1/16 финалето од германскиот ДФБ Куп.

Куадио Коне го совлада Ноер веќе во втората минута од мечот, а по 15 минути игра беше 2:0 со голот на Алжирецот Рами Бенсебаини. Во 20. минута, Лукас Ернандез беше прегруб во шестнаесетникот, по што од пенал Бенсебаини зголеми на 3:0. Можен ли е камбек?

Share
Scroll to Top